Конклавата за избор на нов Папа ќе започне на 7 мај
Конклавата за избор на новиот Папа ќе започне на 7-ми мај, по завршувањето на Новемдијалните свети Литургии за вечното упокојување на починатиот папа Фрањо.
Конклавата за избор на новиот Папа ќе започне на 7-ми мај, по завршувањето на Новемдијалните свети Литургии за вечното упокојување на починатиот папа Фрањо.
Кардиналите присутни во Рим се согласија да ја започнат конклавата на 7 мај 2025 година. Одлуката е донесена на петтата Генерална конгрегација, одржана во понеделник наутро во Синодската сала во Ватикан.
Конклавата ќе се одржи во Сикстинската капела во Ватикан.
Ватикан њуз/к.мк
28 април 2025, 13:23