Пребарување

2025.04.14 Il vescovo Stojanov ha guidato la Via Crucis a Vodno

Бискупот Стојанов го предводеше Крсниот пат на Водно

Традиционално на Водно од 2014 година се одржува Крстен пат, кој го предводи бискупот Стојанов, а во организација на катедралната парохија Пресвето Срце Исусово – Скопје

Во сабота 12 април 2025 година, во пресрет на празникот Цветници, се одржа традиционалниот Крстен пат на Водно во организација на катедралната парохија Пресвето Срце Исусово – Скопје. Побожноста ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монсињор Киро Стојанов во заедништво со катедралниот капелан Томислав Рукавина, сестри Евхаристинки, членовите на Марииното дело – фоколаринки и верници.

На 6 километарската патека од Средно Водно до Јубилејниот крст младите наизменично го носеа дрвениот крст, а дел од верниците наизменично ги држеа иконите од постојките додека се молеше Крстниот пат, а измеѓу се молеше Света Бројаница и се пееја пригодни песни.

На врвот на Водно под Јубилејниот крст, бискупот Стојанов ја измоли завршната молитва, го подели својот архиерејски благослов и изрази благодарност на организаторите и присутните верници за реализирањето на оваа побожност.

Призорот на случајните минувачи беше посебен, искажувајќи посебно внимание и почит кон побожноста на Христовите страдања.

Крстниот пат на Водно традиционално се моли секоја година од 2014 година.

14 април 2025, 16:57