Ангел Господов: На празникот на Исусовото Крштение, да се потсетиме на датумот на нашето крштевање
Празникот Христово крштение, кој го славиме, рече Папата, нè поттикнува да размислуваме за многу работи, вклучително и за нашето крштение. „Исус кој се соединува со својот народ за да добие крштение за простување на гревовите. Сакам да се потсетам на зборовите од денешната литургиска химна: Исус оди кај Иван на Крштение „гола душа и боси нозе“. Гола душа и боси нозе. И кога Исус се крштева, се објавува Духот: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја”, рече Папата.
Зборувајќи за лицето, тој истакна дека Бог, откривајќи се како Отец преку Синот, воспоставува привилегирано место за стапување во дијалог и заедништво со човештвото. Тоа е лицето на возљубениот Син, рече Папата. Потоа се осврна на гласот. „Ти си Мојот возљубен Син“. Тоа е уште еден знак кој го следи Исусовото објавување, додаде Светиот Отец.
„Драги браќа и сестри, денешниот празник нè поттикнува да го земеме предвид Божјото лице и гласот кои се откриваат во човечноста на Исус. Па, да се запрашаме: дали се чувствуваме сакани? Дали се чувствувам сакано и дека Бог ме придружува на моето патување или мислам дека Бог е далеку од мене? Можеме ли да го препознаеме неговото лице во Исус и браќата? Дали сме навикнати да го слушаме неговиот глас“, праша Папата.
На крајот Папата ги праша верниците и ходочесниците дали се сеќаваат на датумот на нивното крштевање. „Ова е многу важно! Размислете: кој ден сте крстени? А ако не се сеќавате, кога ќе се вратите дома, прашајте ги родителите или кумовите за датумот за крштението. И прославете го датумот како нов роденден: вашиот роден во Божјиот Дух. Не заборавајте! Ова е домашната задача: да го дознаам датумот на моето крштение“, рече Светиот Отец и на крајот ја повика Пресвета Богородица на помош.