Пребарување

2025.04.27 Papa Francesco messaggio ai giovani

Видео на покојниот папа Фрањо до младите: „Научете да ги слушате другите“

Досега необјавено видео снимено на 8 јануари го прикажува покојниот папа Фрањо како им се обраќа на младите кои учествуваат на „Работилници за слушање“.

Иницијативата е основана во Италија од Лука Друсијан и ги обединува младите и возрасните да разговараат на различни теми, со надеж дека ќе ја истражат убавината на слушањето и слушањето на другите.

https://www.youtube.com/watch?v=v2s2oCMa7Q8

Видеото беше објавено во недела, 27 април 2025 година, еден ден по задушната света Литургија за починатиот папа, од италијанскиот неделник Оџи („Денес“).

Во видео пораката снимена во Домот Света Марта, папата Фрањо ги повикува младите секогаш „да ги слушаат сопственоте баба и дедо – тие нè учат на многу работи“.

„Драги момчиња и девојки, една од најважните работи во животот е да слушате – да научите како да слушате“, вели покојниот Папа. „Кога некој ќе ви зборува, почекајте да заврши за да можете навистина да разберете, а потоа, ако ви се допаѓа, одговорете. Но, најважно е да слушате“.

Папата Фрањо истакна дека многу луѓе не можат вистински да ги слушаат другите луѓе, бидејќи тие веќе го формулираат својот одговор додека другиот зборува.

„Погледнете ги внимателно луѓето – луѓето не слушаат“, рече тој. „На половина пат од објаснувањето, тие ќе одговорат, а тоа не помага за мир. Слушајте – слушајте многу“.

Видео пораката на покојниот Папа беше објавена додека стотици илјади млади се собраа во Рим за да го прослават јубилејот на млади.

Околу 200.000 луѓе пристигнаа на плоштадот Свети Петар за да присуствуваат на светата Литургија на вториот ден  од „Деветницата“за папата Фрањо.

Иако светата Литургија во неделата на Божјото милосрдие беше во знак на молитва за папата Фрањо, кардиналот Пјетро Паролин ги повика младите да го прифатат учењето за милосрдието на починатиот папа, за да можат да го откријат патот до мирот за нивните лични односи и за целиот свет.

28 април 2025, 09:44